18.11.2022

ПОСТАВЕНА ПРИСТАПНА РАМПА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ДО КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ

Денес во соработка со ЈП „Улици и патишта“ поставена е пристапна рампа за лицата со попреченост, за да им овозможиме полесен пристап кон канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во центар, односно на ул. „Ѓуро Стругар“ 15 А, Скопје. 


Истовремено ги потсетуваме лицата со попреченост дека се’ уште во тек е процедурата за поднесување Барања за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.


Лицата со попреченост можат да ги поднесат Барањата до 1 декември 2022 година.