„Порака – потсетник“ за корисниците на зонското паркирање на зоните Ц и Д!  

Активирана е СМС порака- потсетник со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина „S“. Корисниците ќе ја добиваат СМС пораката по 4 часа и 5 минути по активирање на паркинг сесијата, на зоните Ц и Д.  

ЈП „Градски паркинг“- Скопје им излегува во пресрет на корисниците кои од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот. 

Ги потсетуваме корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето.