Одржана средба помеѓу раководството на ЈП Градски паркинг- Скопје и Секторот за внатрешни работи- Скопје

Денес Директорот Христовски и Раководителот на Сектор пајак Стоилевски одржаа состанок со раководството на Секторот за внатрешни работи- началникот Тони Јакимовски и вработени лица од Одделението за безбедност во патниот сообраќај.

На барање на ЈП Градски паркинг- Скопје, а благодарение на прифатената иницијатива и желба за добра соработка од страна на раководството на Секторот за внатрешни работи Скопје се одржа денешниот состанок, со цел регулирање и воспоставување на ред во сообраќајот во мирување и санкционирање на непрописно паркираните возила на територија на Град Скопје. 

Во изминатиот период, ние се соочувавме со зачестени пријави од граѓани за непрописно паркирани возила по улици, булевари, тротоари, како и на пешачки и зелени површини. 

Непрописното паркирање дирекно го загрозуваа безбедното движење на возилата, а најмногу на пешаците.

Од таа причина, нашето раководство поведе иницијатива за состанок, а како резултатот се очекуваат зачестени контроли од страна на службени лица на Секторот за внатрешни работи- Скопје,

кои издаваат налог за отстранување на непрописно паркираните возила.Отстранувањето на воизлата го врши пајак службата на ЈП Градски паркинг- Скопје.

Се надеваме на успешна соработка и постепено решавање на сообраќајниот метеж предизвикан од непрописно паркирани возила. 

На крај, апелираме до граѓаните и возачите, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да не се паркираат на јавни и зелени површини.

Исто така, ги информираме дека секое непрописно паркирање може да го пријават во полиција на тел.бр.192, од каде ќе испратат службени лица за постапување и санкционирање.