25.10.2022
ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА ДОЛЖ КРУЖНАТА РАМПА ВО КАТНАТА ГАРАЖА „БЕКО“ СО ЦЕЛ ПОДОБРА ОРИЕНТАЦИЈА ПРИ ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛАТА
Ја информираме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје на сопствена иницијатива, а во соработка со ЈП „Улици и патишта“, постави заштитни столпчиња по должина на кружната рампа во катна гаража „Беко, од кат -2 до кат 7.
Деновиве вработените во Одделението за одржување на паркиралиштата, при ЈП „Градски паркинг“- Скопје, поставија заштитни столпчиња по должина на кружната рампа во катна гаража „Беко, од кат -2 до кат 7. Работните активности ги извршија во соработка и со поддршка на екипи од ЈП „Улици и патишта“.
Целта на оваа активност на ЈП „Градски паркинг“- Скопје е да се овозможи подобра ориентација при движење на возилата и да се спречат несакани дејствија т.е. оштетување на возилата настанати од удари во кружната рампа.
На овој начин е олеснето движењето при паркирање, но сепак апелираме до возачите при движење во правец нагоре и надолу во катната гаража „Беко“ да возат внимателно и со прилагодена брзина на движење на возилата.
