ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ЗОНСКИТЕ ПАРКИРАЛИШАТА – ИСКАСТРЕНИ СУВИТЕ ГРАНКИ ВО АЕРОДРОМ ДОЛЖ ЗОНА Д-4


Денес ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, спроведе акција на уредување на паркинг просторот на зона Д-4 со кој стопанисува претпријатието.

Екипи од двете претпријатија излегоа на терен, кадешто беа искастрени и расчистени дотрајаните и суви гранки, со што на корисниците им се овозможи побезбеден паркинг простор.


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува со спроведување на акции за редовно одржување на сите паркинг простори со кои стопанисува.


Овие акции ќе продолжат и во иднина во соработка со другите јавни претпријатија.

Повеќе детали на следниот линк