Поставена вертикална сигнализација на паркинг места за лица со попреченост
Денес, службите на претпријатието поставија вертикална сигнализација за означување на обележаните места за паркирање на лицата со попреченост, на јавна површини наменета за паркирање- зона Д9, Аеродром. Поставувањето на сигнализацијата се изврши со цел да им се овозможи на лицата со попреченост побезбедно и непречено користење на паркинг местата, како и подобро функционирање во општината.
Вертикланата сигнализација се постави на вкупно 7 паркинг места за лица со попреченост на зона Д9, кои претходно беа обележани со хоризонтална сигнализација.
Апелираме до корисниците на нашите услуги да не ги паркираат своите возила на означените места за лица со попреченост и ги отстапат на тие на кои им се најпотребни. Исто така, истакнуваме дека сите возила кои не ги исполнуваат условите за лица со попреченост, а кои ќе бидат затекнати на места за лица со попреченост, ќе им се постави блокатор на тркало и ќе бидат отстранети со специјално возило пајак.