РЕДОВНА АКЦИЈА НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СКОПЈЕ – СЕ УРЕДУВА ЈАВНАТА ПОВРШИНА НАМЕНЕТА ЗА ПАРКИРАЊЕ- ЗОНА Д3 ПОЗАДИ ТЦ „БИСЕР“


Деновиве екипи на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, ја уредуваат јавната површина наменета за паркирање- зона Д3, која се наоѓа позади ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Оваа редовна акција опфаќа кастрење на дотраените исушени гранки од дрвјата, како и подкастрување на гранките кои сметаат при паркирање на возилата, или евентуално би наштетиле на веќе паркирано возило. Искастрените гранки се отстрануваат од паркиралиштето, со што се остава чист и уреден простор за движење и паркирање на возилата.

Акцијата продолжува и во наредните денови, се’ додека не биде уредено целото паркиралиште на оваа зона.