10.10.2022

Работно време на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“- Скопје на Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври, вторник, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно.

Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври.