АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА

ЈП Градски паркинг- Скопје активно спроведува акции за чистење на јавните паркиралишта и на катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. 

Овој пат, акциите вклучуја машинско метење на јавните паркиралишта АМСМ и Нова Македонија, машинско метење на влезот и излезот на Катна гаража „Тодор Александров“ како и на сервисната улица во катната гаража. 

Во спроведената акција за отстранување на лисјата и отпадот од горенаведените паркиралишта, вклучени беа 6 вработени лица, а од механизација, употребена беше машината  за суво и водено чистење на смет, лисја и отпад.