На 01 Декември 2015 година ЈП Градски паркинг- Скопје официјално ја стави во употреба катната гаража „Тодор Александров“,

втор објект од ваков тип.

Изградбата и пуштањето во употреба на овој објект е резултат на заложбите за решавање на проблемот со паркирањето во централното градско подрачје и

истиот е лоциран во строгиот центар,

на ул. „Даме Груев“ бр. 14, во непосредна близина на ТЦЦ Плаза. 

Катната гаражата е од современ тип, со капацитет од 605 паркинг места за лесни патнички моторни возила,

вклучувајќи и паркинг местата за лица со посебни потреби,

како и 120 паркинг места за велосипеди. 

Паркирањето се одвива на 6 (шест) ката надземно и два на подземно ниво. Приземјето и првиот кат се предвидени единствено за деловни простории,

додека останатите катови се наменети за паркирање.  

Влезот во катната гаража е од североисточната страна на објектот преку подземната улица која води до првото подземно ниво на гаражата. 

Излезот од гаражата е од првото подземно ниво преку подземната улица, на југоисточната страна на објектот.

И влезот и излезот се директно на улица Даме Груев.

Движењето на возилата низ катовите се одвива преку спирална рампа.

На секој кат е изведена остава и тоалети за посетителите, вклучувајќи и тоалет за лица со посебни потреби.

Паркинг местата за велосипеди се сместени во клунот на објектот, а до него се пристапува директно преку посебен лифт,

како и преку 3-те патнички лифтови  наменети за посетителите. Цената на паркинг услугата изнесува 30 мкд/час , а за останатите поволности погледнете го официјалниот ценовник.

Сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да ја користат услугата паркирање во катна гаража „Тодор Александров“

можат да се обратат на контакт телефонот на Јавното Претпријатие Градски паркинг- Скопје 02/ 321 55 66 или

да го посетат инфо центарот во непосредна близина на катната гаража на Плоштад ВМРО.

 

Погледнете видео на следниот линк