ДЕТАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА И ОКОЛУ ЗГРАДАТА НА КАТНАТА ГАРАЖА „БЕКО

Денес екипа од вработени во одделението за одржување на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје се во целодневна акција на чистење на катната гаража „Беко“.

Детално се чисти целото паркиралиште, како и ходниците, влезовите и просторот околу зградата.

Вакви целодневни акции на детално чистење се спроведуваат секоја среда и станаа редовна пракса на екипите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, со цел континуирано одржување на хигиената на јавните паркиралишта.