СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „ДАРУВАМЕ КРВ – СПАСУВАМЕ ЖИВОТ“

 

Денес ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, организираше крводарителска акција под мотото: „Даруваме крв – спасуваме живот“ во просториите на претпријатието, а успешната акција ја спроведе здравствениот тим на Институт за трансфузиона медицина во соработка со Црвен крст.Овој хуман чин го поддржаа околу 60 луѓе повеќето вработени во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, дарувајќи од својата крв – со цел да помогнат во спасување на нечиј живот.Како што најавивме и претходно, раководството на претпријатието има за цел, оваа акција да ја направи традиција, односно да се одржува секоја година. Директорот на претпријатието, Бојан Христовски, како пример за сите вработени прв даруваше крв. Како што најави тој во вчерашното гостување на една од телевизиите, како општествено одговорно претпријатие, ќе продолжиме да даваме поддршка на крводарителство и во претстојниот период до Советот на Град Скопје, ќе иницираме да може претпријатието да дава бесплатно паркирање за оние лица кои ќе даруваат крв додека трае самиот чин, во затворените паркинг простори, односно таму каде што има рампи.

Им благодариме на сите кои се вклучија во оваа хумана и солидарна акција и воедно апелираме и до другите претпријатија, јавни или приватни да почнат да организираат крводарителски акции, бидејќи со дарување крв спасуваме нечиј живот, но и самите стануваме поздрави.

 

 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

 

Јуни, 2022