Летно работно време
Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.06.2019 година започнува
летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје.
Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:
- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.
Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни
и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување.