ВО ТЕК Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРИБИРАЊЕ БАРАЊА ОД СТРАНА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОВЛАСТЕНИ ПАРКИНГ УСЛУГИ ЗА КАЛЕНДАРСКАТА 2023 ГОДИНА

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ги потсетува своите корисници, дека во тек е процедурата на прибирање барања од страна на лица со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

Поднесувањето на барањата кое започна на 1 ноември 2022, ќе трае до 1 декември 2022 година.

За таа цел, ги повикуваме сите лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, а кои се’ уште немаат поднесено барање, тоа да го сторат во горенаведениот период, односно до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, да достават уредно пополнето Барање, или истото да го пополнат на лице место во канцелариите на претпријатието – на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А и во прилог да ги достават следните документи:

• Копија од важечка  сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;

• Лична карта на увид од лицето со посебни потреби;

• Инвалидска книшка на увид;

• Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза  во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;

• ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид;

• Лекарски наод од специјалист на увид.

Доколку лицето кое е заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина, или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и комплетна документација која се бара.

Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална  парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица сооштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското  и инвалидското осигурување на Македонија.

Потребната документација треба да се достави во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А (во зградата до катна гаража „Беко“), во периодот од 1 ноември 2022 до 1 декември 2022 година.