03.02.2023

ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“

Денес во просториите на дирекцијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, беше остварена средба помеѓу директорот на претпријатието Крсте Петревски и претставникот на здружението „Донирај компјутер“, Борче Стаменов. На средбата се разговараше за важноста на мисијата на ова здружение, а тоа е да му се подаде рака на секое дете за едукација со обезбедување на компјутер.

Здружението „Донирај компјутер“ веќе 6 години работи со една цел- донација на половни компјутери на деца чии родители немаат услови да им обезбедат.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје склучи меморандум за соработка со ова здружение и како општествено одговорно претпријатие претставува поттик за сите останати, да преземат ваков чекор, како би помогнале да се едуцира секое дете во државата.