СЕ ВАРОСУВААТ НАПЛАТНИТЕ И КОНТРОЛНИТЕ ПРОСТОРИИ ВО КАТНИТЕ ГАРАЖИ „БЕКО“ И „26 ЈУЛИ“

Деновиве се варосуваат просториите за наплата на паркинг услуги, како и просториите за мониторинг во двете катни гаражи со кои располага ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Оваа иницијатива за прочистување и дезинфицирање на овие простории, а воедно пред се’ подобрување на условите за работа на вработените, за прв пат се презема откако се изградени овие два објекти.

Вакви иницијативи за подобрување на условите за работа на работниците е приоритет на сегашното раководство на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, бидејќи едно претпријатие не може да нуди добри услуги и услови за корисниците, ако самите работници немаат добри услови за работа.