Почеток на решавање на проблемот со паркирање во општина Карпош

Денес, на седница на Советот на општина Карпош беше усвоена „Предлог- одлуката за регулирање на наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош“. Ова значи почеток на процедурата за решавање на проблемот со паркирањето на територија на општината и воведување на зонско паркирање.

Директорот Христовски даде детални информации во врска со планот на претпријатието, односно организирање на сообраќајот во мирување на територија на општина Карпош, се со цел да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните на територија на општината.

Христовски информираше околу придобивките, условите и привилегиите т.е. бесплатно паркирање на жителите на општината кои се наш приоритет.

Во иднина, истакна Христовски, претпријатието изразува подготвеност за уредување паркиралишта во останатиот дел од општината, по претходно барање од страна на жителите на општината.