20.10.2022

ЕДНОНЕДЕЛНА АКЦИЈА ЗА ДЕТАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ ПАРКИРАЛИШТА СО КОИ СТОПАНИСУВА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ

Во тек е акција за детално читење на сите зонски и затворени паркиралишта со кои стопнисува претпријатието, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“ и Општина Аеродром.

Неделава вработени на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје заедно со вработени во другите јавни претпријатија, спроведуваат акција на расчистување на паркиралиштата од смет, дотраени суви гранки и паднати лисја, а се изврши и детално водено перење со цистерна од страна на ЈП „Комунална хигиена“.

Во акцијата, опфатени се сите зонски и затворени паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје, а во наредните денови детално чистење ќе се спроведе и на паркиралиштата: Клинички центар „Мајка Тереза“ и Водно- зона А0.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, се заблагодарува на успешната соработка, која во иднина би прераснала во рутинска заедничка акција – се’ со цел, да им излеземе во пресрет на граѓаните, за почиси паркиралишта, а со тоа и почист град.

Повеќе детали на следниот линк