НАБАВЕНИ СЕ НОВИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА И КАТНИТЕ ГАРАЖИ 

ЈП Градски паркинг- Скопје во текот на месец март, 2017 година, реализираше набавка на три машини за чистење на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Едната машина односно Возило за водено чистење на ѓубре и вшмукување на лисја за рамни и нерамни јавни површини за паркирање, пешачки површини, тротоари и велосипедски патеки е италијанско производство, од брендот Дулево (DULEVO) и е наменета за чистење на јавните паркиралишта.

Како што кажува и самиот назив на возилото, возилото е наменето за водено и суво чистење на сметот, лисјата и отпадот од паркиралиштата, за што денес беше одржана обука на одредена група од вработените во ЈП Градски паркинг- Скопје. Обуката беше со цел да се овозможи правилно упаравување и работење на машината. 

Другите две машини се на електричен погон и функционираат со батериско полнење, а се од брендот Нилфиск (Nilfisk). Наменети се за чистење во катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. 

Во текот на следната недела ќе се одржи обука за правилно упаравување и работење на машините, за што претпријатието дополнително ќе ги извести своите корисници.