22.10.2022

Секојдневни активности за подобрување на условите на јавните паркиралишта- Обележано јавно паркиралиште ЗОИЛ


ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, секојдневно работи на подобрување на условите за корисниците на јавните паркиралишта. Денес е обележано јавното паркиралиште ЗОИЛ.


Целта на ваквите секојдневни акции од страна на нашите екипи, е на корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, да им овозможиме подобри и побезбедни услови за паркирање.


Ваквите активности продолжуваат и во иднина со поинтензивно темпо, а се работи и на проширување на идеите и нивна имплементација за подобри услови и унапреден јавен паркинг.