02.11.2022

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ, КРСТЕ ПЕТРЕВСКИ, МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА БЛАГОЈА ТАНЕВСКИ ЗА 18 ГОДИШНИОТ ВЛОЖЕН ТРУД ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО


Благоја Таневски своето работно искуство во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, го започнал пред 18 години – уште од самите почетоци на претпријатието. Започнал како наплатувач, а во 2009 година е унапреден во Шеф на зонски паркиралишта, на којашто позиција работеше 13 години, односно до самото пензионирање.


По повод неговото пензионирање, директорот Петревски, денес му додели Благодарница, со што му оддаде почит и благодарност за вложениот труд, посветеност и лојалност кон работата и развојот на претпријатието, посакувајќи му пријатни пензиски денови.