15.02.2023

ДОДЕЛЕНА БЛАГОДАРНИЦА НА ЦВЕТКО ЦВЕТКОВСКИ ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО – СРЕЌНИ ПЕНЗИСКИ ДЕНОВИ

Денес во просториите на дирекцијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на пензионираниот Цветко Цветковски, му беше доделена Благодарница, со што директорот Крсте Петревски во име на целото претпријатие му се заблагодари за вложениот труд и му посака среќни пензиски денови.

Цветковски ја вршеше должноста инкасант, а на таа позиција работеше минатите пет години. Во неформалниот разговор тој се заблагодари на целото раководство и на сите колеги за коректната соработка изминатите години и им посака напредок и уште повеќе успеси понатаму.