Поставени нови заштитни столбчиња на паркингот Народен Фронт

 

До ЈП Градски паркинг- Скопје стигнаа реакции од станари и  корисници на паркингот Народен Фронт, во врска со направени оштетувања на заштитните столбчињата од страна на непознати сторители, кои избегнувајќи ја наплата на паркинг услугата, пристапувале до паркингот и го напуштале преку тротоарите уништувајќи ги заштитните столбчиња.

Од службите на претпријатието беа утврдени оштетувањата и веднаш се пристапи кон поставување нови заштитни столбчиња, а се утврдија и нови позиции, на места каде што претходно немаше заштитни столбчиња.

Поставувањето на столбчињата се изврши во соработка со ЈП Улици и патишта. 

Новите столбчиња се поставија со цел да ги исполниме барањата на корисниците и станарите кои уредно и прописно ги користат паркинг услугите и спречуваме непрописно пристапување и напуштање на паркиралиштето.