21.10.2022

ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ВОВЕДУВА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – ОВОЗМОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ БРЗО И ЕФИКАСНО СО СКЕНИРАЊЕ НА QR КОД!

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, за првпат воведува плаќање на паркинг простор со скенирање на QR код, кој ќе биде достапен на сите информативни табли за начин на наплата, на сите зонски паркиралишта на ниво на градот со кои стопанисува претпријатието.

Наплата за паркирање со скенирање на QR код преку мобилен телефон со активна банкарска платежна картичка може да изврши било кој корисник на зонските паркиралишта, домашен или странец.

Со воведување на оваа нова технологија, на корисниците на градскиот паркинг им овозможуваме лесно и брзо плаќање на услугата во само три чекори.

Доволно е само со камера од мобилниот телефон да се скенира кодот поставен на долниот десен агол од информативната табла на самото паркиралиште и да се следат чекорите за наплата преку платежна банкарска картичка.

Еден од приоритетите на раководството на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје е токму унапредување, модернизирање, а со тоа и олеснување на условите за корисниците преку воведување на нови технологии.

cekori QR kodtabla QR kod