Известување за проектот „Изнајми велосипед 2017“

 

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од утре, 1ви Април, 2017 година, ќе отпочне со работа проектот „Изнајми велосипед“. Велосипедите ќе може да се изнајмат на 5 (пет) локации и тоа:

- Катна гаража „Македонска Фаланга“,

- Јавно паркиралиште Градска Болница,

- Јавна површина наменета за паркирање зона Д40 (Градска Болница „8ми Септември“),

- Јавна површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер)- Општина Аеродром и

- Јавно паркиралиште Треска.


Исто така, Ве известуваме дека и оваа година во интерес на граѓаните цената за изнајмување велосипед останува непроменета т.е. 10 денари за 1 час изнајмување, а граѓаните ќе имаат можност да изнајмат велосипед секој ден од 07:00- 22:00 часот. Целта на проектот е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните.


Понатаму, ЈП Градски паркинг Ве информира дека покрај велосипедите, од 1ви април, ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на Плоштад Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“, а целта е туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости. Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50,00ден., а капацитетот на едно возило е вкупно 4 (четири) лица (3+1-возач)