РЕВИЗИЈА НА СИТЕ ДОГОВОРИ НА ПАРКИНГ УСЛУГИТЕ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

Ги известуваме корисниците на нашите услуги на категориите: станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице дека од 01.05.2022, етапно по паркиралишта,  ќе се врши ревизија на сите договори на корисниците.

За ревизијата ќе биде потребно секој корисник да ги достави соодветните документи согласно договорот, по наведениот распоред:

01.05-01.06.2022

- паркиралиште народен фронт,

- зони центар: А01, А3, А05, А06, А7,

- зони Аеродром: Ц33, Д5, Д6, Д8.

01.05-01.09.2022

- катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“.

ВАЖНО! Дозволите издадени по основ „Станар- трето возило“ за зона Д, Аеродром  ќе бидат искчучени на 01.6.2022. Услугата ќе се наплаќа согласно „Ценовникот на ЈП Градски паркинг- Скопје“