ВНИМАТЕЛНА ЗАЕДНИЦА Е БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА!

Под мотото: „ВНИМАТЕЛНА ЗАЕДНИЦА Е БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА“, Министерството за внатрешни работи

во соработка со ЈП Градски паркинг- Скопје, одржа едукација на корисниците на јавните паркиралишта,

со цел подигање на нивната свест да не оставаат вредни предмети на видливи места во нивните автомобили.

Едукацијата се одржа на повеќе паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје во период од месец март до месец мај, 2017 година. 

Службените лица од Министерството за внатрешни работи на РМ, како и вработени лица во јавното претпријатие,

се обидоа преку делење картички на кои е испишано мотото: „ВНИМАТЕЛНА ЗАЕДНИЦА Е БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА“,

да им појаснат на корисниците дека вредните работи секогаш треба да се чуваат на сигурно место,

со што би се спречиле не сакани дејствија т.е. кражби од нивние автомобили.

ЈП Градски паркинг- Скопје се надева дека граѓаните ќе ги прифатат советите и повеќе ќе внимаваат во иднина.