ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ЗОНА Д2
Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува и потсетува корисниците на услугата паркирање:
станари, вработени и правни/физички лица, на зона Д2- Аеродром, лоцирана на бул. Јане Сандански, кај Три Бисери,
навремено да го регулираат нивниот статус на корисник.
За таа цел, потребно е да достават комплетна документација во Кол Центар- Аеродром,
лоциран позади ТЦ Бисер, најдоцна до петок 06.09.2019 до 20h.
Исто така, ги информираме останатите корисници дека при секое паркирање,
потребно е да испратат СМС порака на тел.бр. 144 144, со содржина, пр.: Д2 СК1234АА.
Напоменуваме, доколку корисниците не го регулираат нивниот статус, од вторник 10.09.2019, ќе започнеме со издавање на доплатни билети.