Со оглед на веќе започнатите активности за организирање на зонското паркирање на територијата на Општина Карпош Ве известуваме дека во тек е поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација чија реализација е поврзана со временските прилики. Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, целта е да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила, а се овозможува паркирање на категориите корисници на претпријатието и корисници за час паркирање.
Заинтересираните корисници согласно категоријата корисник потребно е да ги достават следните документи:

СТАНАР:
1. Станар со адреса на живеење на зоната: Лична карта и сообраќајна дозвола на име на барателот, а адресата на живеење да гравитира на зоната; Доколку возилото не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на возилото, со наведено сродство. Право на издавање полномошно имаат сопружници и родител- дете. 

2. Станар со договор за закуп: Договор за закуп заверен на нотар, лична карта на барателот- на увид, сообраќајна дозвола на име на барателот или со полномошно за управување, наведено во точка 1. Закупец од договорот за закуп потребно е да биде подносителот на барањето за дозвола за паркирање. Станарската дозвола ќе се издаде во времетраење на договорот за закуп.

3. Станар со лична карта и/или сообраќајна дозвола, во процедура на издавање- барателот потпишува Изјава за промена на лична карта и/или сообраќајна дозвола со рок до 90 дена, а дозволата се издава во наведениот рок. 

4. Станар со возило на лизинг- Лична карта, сообраќајна дозвола, копија од Договорот за лизинг, само страна 1, полномошно за управување на возилото издадено од лизинг компанијата.

5. Станар со службено возило-  Лична карта на увид, сообраќајна дозвола, потврда за редовоен работен однос, полномошно за управување на возилото. Притоа, седиштето на правното лице да не е идентично со адресата од личната карта на барателот.6. Станар со возило со странски регистраски таблици- лична карта на увид и сообраќајна дозвола на име на барателот.
На сите корисници од категоријата станар им се овозможува бесплатно паркирање на 2 станарски возила.

 ВРАБОТЕН ВО ПРАВЕН СУБЈЕКТ- 
Потребно е седиштето или подружницата на правниот субјект каде е вработен барателот, да гравитира кон јавната површина наменета за паркирање и сообраќајната дозвола да е на име на барателот т.е вработениот.Доколку возилото не е на име на барателот потребно е да се достави соодветно полномошно заверено на нотар т.е1. Сродство во прва линија: сопружници, родели и деца,  или 2. Возило на лизинг- полномошно од лизинг компанијата
Потребни документи за стекнување со дозвола е:- Решение за тековна состојба за правниот субјект на увид,- Потврда за редовен работен однос - Сообраќајна дозвола.- Возачка дозвола на увид

 ПРАВЕН СУБЈЕКТ Со оваа категорија право на стекнување има секој правен субјект што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се: - Сообраќајна/и дозвола/и на име на правниот субјект,- Тековна состојба од Централен регистар заради утврдување на седиштето на правното лице,- Барање на меморандум со наведен список на сообраќајни дозволи од возилата.

 ФИЗИЧКО ЛИЦЕ Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона. Притоа, потребни документи се: - Лична карта на увид- Сообраќајна дозвола

За секоја од наведените категории, при доставување на документацијата, задолжително е да се достави уредно пополнета и потпишана форма на образецот Барање-Договор.

Ги повикуваме заинтересираните граѓани уредно да достават Барање со потребните документи во прилог, секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота 09:00-17:00 часот, во канцеларија Карпош, на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3 (во зградата спроти Катастар на РСМ). За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на контакт телефоните: 02/ 305 13 24,   02/ 321 55 66 и моб. 070/309 144 и на нашата веб страна:       https://www.gradskiparking.com.mk/pocetna.nspx

Исто така, со цел подобра информираност на граѓаните, претпријатието организира „Отворен ден“, на 16.03.2024 (сабота), од 10:00- 14:00 часот, во канцеларија Карпош на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3. Ги очекуваме сите граѓани на кои им се потребни дополнителни информации околу условите за паркирање и услугите кои ги нуди претпријатието.