УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АНКЕТАТА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА МИСЛЕЊЕТО НА КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ

 Во текот на последните две недели од месец мај 2022 година, ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, спроведе анкета за испитување на мислењето на корисниците на услугите кои ги нуди претпријатието за паркинзите од затворен тип, со цел подобрување на истите.

 Во одговорите кои ги добивме од 2500 корисници, увидовме пофалби за досега сработеното, како и препораки за решавање на некои проблеми и укажување на некои недостатоци.

 Анкетите покажуваат дека досегашните иницијативи на новото раководство на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во најголем дел ги задоволуваат потребите на корисниците на градски паркинг.

 Бидејќи самата цел на анкетата беше да ги дознаеме идеите и воочените проблеми од страна на корисниците, раководството на ЈП „Градски паркинг“, анализата од оваа анкета, ќе ја земе предвид за понатамошно работење за имплементирање на конструктивните идеи дадени од корисниците, како и решавање на посочените проблеми со кои тие се соочуваат.