Средба на Директорот Христовки со Градоначалникот на Општина Кисела Вода

Денес, Директорот Христовски оствари средба со Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на која се дискутираше за можностите за подобрување на условите за паркирање на територија на општината и воведување зонско. Се разгледуваа  можности околу изнаоѓање нови локации за изградба на паркиралишта во општина Кисела Вода, како урбана заедница која постојано се модернизира и расте. 

Директорот Христовски изјави: „Денес со градоначалникот Ѓорѓиевски имавме успешна средба на која се отворија многу теми околу подобрувањето на услугите што ги дава нашето градско претпријатие. Организацијата на сообраќајот во мирување има голема улога во квалитетот на одвивањето на сообраќајот во градот, посебно во урбани средини како што е Кисела Вода. Се надевам дека ќе најдеме квалитетни и трајни решенија за жителите на оваа општина“. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека е свесен за недостигот од простор за паркирање и за потребата од изнаоѓање на нови локации каде жителите ќе можат да ги оставаат своите возила, без да пречат едни на други. Тој додаде дека една од главните активности на општината е претворање на дивите депонии во зелени паркови, но еден дел од нив, ќе ги уреди и како паркинзи. 

На крај и двајцата изразија надеж за успешна соработка и реализирање на нови проекти со кои ќе се допринесе до олеснување на животот на шителите и уредено паркирање.