ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ЗАЕДНО СО ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВО ЦЕЛОНЕДЕЛНА ЕСЕНСКА АКЦИЈА – СЕ ЧИСТАТ СИТЕ ПАРКИРАЛИШТА

Денес 21.11.2022 god. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во соработка со екипи на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, започнаа акција на генерално есенско чистење на сите затворени и зонски паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Екипите од двете претпријатија утрово излегоа на терен, односно на зона Ц80 кај зоолошката градина, зона Ц81 кај Град Скопје, зона А01 спроти главна пошта, зона А05 и А06 на ул. „Максим Горки“ и зона Б6 кај СУГС „Јосип Броз“. Се чисти сметот и паднатите лисја од овие паркиралишта, а наредните денови ќе се чистат сите останати паркиралишта во и околу општина Центар, според акциски план и распоред.

Акцијата за редовно одржување на хигиената со чистење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ќе трае една неделна, а во почетокот на месец декември, ќе се спроведе уште една акција на генерално чистење, кадешто ќе бидат опфатени и зонските паркиралишта во Аеродром.