СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

 Ја известуваме јавноста дека за време на новогодишните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 1 и 2 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 1 и 2 јануари 2023 година. Додека пак, Кочо Рацин, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата на истите.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќни празници.

 

 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје

31 декември, 2022