18.06.2025

Известување за ажурирање на податоците на Договорите за услуги на ЈП „Градски паркинг“- Скопје за катна гаража „Беко“

 Ги известуваме корисници на паркинг услугите на катна гаража ,,Беко" по основ на категориите:

 

- вработен во правно лице, 

- правно лице и 

- физичко лице 

 

дека претпријатието ќе започне со ажурирање на податоците со цел продолжување на договорите на корисниците кои ги исполнуваат условите. 

 

Потребно е секој корисник да ги достави соодветните документи согласно Договорот за услуга, т.е. категорија корисник, во канцеларија Центар на ул. „Ѓуро Стругар“, 15а, Скопје, во период од 23.06.2025 до 11.07.2025, секој работен ден, од понеделник- петок, во период од 08:00-15:30ч.

 

Ги повикуваме сите корисници навремено да ги достават своите документи во предвидениот рок. Во спротивно, ќе сметаме дека не се заинтересирани за користење на услугите, по што ќе се пристапи кон исклучување на картичките за влез и излез од катната гаража.

 

Ви благодариме на соработката.