РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ СО СЛИВНИКОТ ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПАРКИНГОТ НА ЗОНА Д6 ВО АЕРОДРОМ
Денес екипи на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, во соработка со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, излегоа на терен на јавната површина за паркирање - зона Д6 во Аеродром, кадешто околните станари со години не можат да се справат со сериозен проблем, односно нефунционален запушен сливник за атмосферска канализација, од кадешто постојано се излива вода и го поплавува целиот паркинг простор.
Штетата е санирана, извадени се корењата од запушените цевки, шахтата рачно е исчистена од насобраниот смет и е подигната на ниво на терен, исто така комплетно е отпушена со цистерни под вакум и притисок, а со тоа сливникот е ставен повторно во функција.