Директорот Христовски на теренски увид во Автокоманда

Денес, Директорот Христовски и Градоначалникот на Општина Гази Баба направија увид во населбата Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос.

Граѓаните во овој дел на градот секојдневно се соочуваат со сообраќаен метеж, како и непрописно паркирање од двете страни на улиците, на тротоарите, на пешачките премини, како и на зелени површини, што дополнително го отежнува протокот на возила и движењето на пешаците.

Директорот Христовски и Градоначалникот Стефковски заклучија дека потребно е итно изнаоѓање на решение, за што во најкраток рок службите од општина Гази Баба

заедно со стручни лица од јавното претпријатие ќе оддржат состанок на кој ќе излезат со предлог сообраќајно решение.

Потребни чекори што општината треба да ги преземе е да спроведе анкетирање на граѓаните на Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување.

Ова е едно од клучните барања на жителите на Автокоманда и за истото во следниот период ќе се спроведе соодветно сообраќајно решение