Новости

19.04.2022

Градоначалничката Арсовска, Директорот Христовски и Градоначалникот на општина Аеродром официјално ја презентираа канцеларија Аеродром

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на ЈП Градски паркинг, Бојан Христовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска ги отворија новите работни простории на канцеларијата Аеродром. Новите простории беа неопходни од повеќе аспекти, а најмногу поради обезбедување подобри услови за работа на вработените во претпријатието, како и подобра услуга за граѓаните.

повеќе...

01.04.2022

Поставени нови заштитни столбчиња на паркингот Народен Фронт

До ЈП Градски паркинг- Скопје стигнаа реакции од станари и  корисници на паркингот Народен Фронт, во врска со направени оштетувања на заштитните столбчињата од страна на непознати сторители, кои избегнувајќи ја наплата на паркинг услугата, пристапувале до паркингот и го напуштале преку тротоарите уништувајќи ги заштитните столбчиња.

повеќе...

31.03.2022

Нова локација на Канцеларија Аеродром од 01.04.2022

Ги информираме нашите корисници дека од утре, петок, 01.04.2022 год., канцеларијата на кол центар Аеродром ќе започне со работа на нова локација.

повеќе...

23.03.2022

Христовски- Стефковски одржаа работна средба со цел Предлог- Решение за решавање на проблемот со паркирање во Автокоманда

Утрово, во просториите на општина Гази Баба се одржа средба помеѓу работните групи од општина Гази Баба и ЈП Градски паркинг- Скопје, со цел изнаоѓање на решеие за сообраќајот во мирување во населба Автокоманда.

повеќе...

16.03.2022

Одржана средба помеѓу раководството на ЈП Градски паркинг- Скопје и Секторот за внатрешни работи- Скопје

Денес Директорот Христовски и Раководителот на Сектор пајак Стоилевски одржаа состанок со раководството на Секторот за внатрешни работи- началникот Тони Јакимовски и вработени лица од Одделението за безбедност во патниот сообраќај.

повеќе...

16.03.2022

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА СЕЧЕЊЕ СУВИ ГРАНКИ, ДРВА И ГРМУШКИ

Почнувајќи од 10.3.2022 год. па се до денес, 16.3.2022, ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со  Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило

повеќе...

15.03.2022

Директорот Христовски на теренски увид во Автокоманда

Денес, Директорот Христовски и Градоначалникот на Општина Гази Баба направија увид во населбата Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос.

повеќе...

14.03.2022

СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски, со претставници од претпријатието и со Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцински, денеска одржаа средба со граѓани во Општина Аеродром.

повеќе...

11.03.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДГОВОР НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

На седницата на Советот на Град Скопје, одржана на 10.03.2022 год., кон Директорот Христовски беа поставени прашања од страна на советничката Марија Андоновска, во врска со состојбата на претпријатието пред тој да биде назначен и сега, што е преземено од негова страна за решавање на проблемите и краток опис на проектот Паметен Град, за кој граѓаните не се информирани, а потрошени се 380.000 евра од касата на Град Скопје, во време на владеењето на претходниот Градоначалник Шилегов.

повеќе...

11.03.2022

Почитувани, 

Ги известуваме нашите корисници на паркинг услуги, кои истовремено користат мобилни услуги на операторот Телекабел,

дека од 13.03.2022 нема да бидат во можност да испраќаат смс пораки за паркирање на нашиот телефонски број 144 144

повеќе...

1...789...14